• вторник, 05 ноември 2024

Шестмина приведени поради тоа што и помагале на Русија да изврши напад во Доњецк

Шестмина приведени поради тоа што и помагале на Русија да изврши напад во Доњецк

Доњецк, 15 мај 2024 (МИА) - Шест лица се приведени под обвинение за превдавство дека и помагале на Русија да изврши напад врз станбена зграда во источниот регион Доњецк, соопшти денеска украинската служба за безбедност СБУ.

Руски проектили „Искандер“ го погодија градот Покровск на 7 август 2023 година, при што загинаа девет лица, а беа повредени десетици други во напад што оштети станбен блок.

„Контраразузнавањето на СБУ неутрализираше група руски воено разузнавачки агенти во регионот на Доњецк. Шест руски агенти се истовремено приведени“, соопшти СБУ.
Според СБУ, осомничените биле регрутирани од „руското воено разузнавање“ преку про-Кремљ Телеграм канали.

Групата подготвила и „координати за ракетни напади“ врз украинските бази во близина на градот Авдивка, кои паднаа во рацете на руските сили по тешките борби во февруари, соопшти СБУ.

Сите шестмина беа обвинети за велепредавство и сега „се соочуваат со доживотен затвор“, се вели во соопштението. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан