• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Ургентниот центар во Белград се подготвуваат за прием на повредени од пожарот во дискотеката во Кочани

Во Ургентниот центар во Белград се подготвуваат за прием на повредени од пожарот во дискотеката во Кочани

Белград, 16 март 2025 (МИА) - Началникот на приемниот оддел на Ургентниот центар во Белград Владимир Арсенијевиќ вечерва изјави дека на клиниката во моментов се подготвуваат за прием на повредени пациенти од Северна Македонија, јави МИА од Белград.

Арсенијевиќ во изјава за српски медиуми, изрази сочувство до граѓаните на Северна Македонија.

Тој апелираше до жителите на Белград да доаѓаат во Ургентниот центар само доколку имаат итни, акутни проблеми за да можат здравствените работници да се подготват за пациентите од Северна Македонија, како и да се грижат за итни случаи. 
Српското Министерство за одбрана попладнево соопшти дека авион на српската армија со четворица лекари и четворица медицински техничари се упати кон Република Северна Македонија за медицинска евакуација на повредени во синоќешната несреќа во Кочани.
Планирано е со тој авион да се евакуираат 12 пациенти, кои ќе се лекуваат во ВМА и Клиничкиот центар на Србија. зш/ 
фото Принтскрин

Остани поврзан