• среда, 15 мај 2024

Шекеринска: Десет НАТО-сојузници меѓу кои и Северна Македонија стартуваат нова ера во обуката на воени пилоти

Шекеринска: Десет НАТО-сојузници меѓу кои и Северна Македонија стартуваат нова ера во обуката на воени пилоти
Скопје, 10 јуни 2021 (МИА) - Десет НАТО-сојузници меѓу кои и Северна Македонија стартуваат нова ера во обуката на воени пилоти. Воспоставуваме мрежа на европски тренинг-центри за пилоти на борбени авиони, хеликоптери и дронови, информира денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Министерката на својот фејсбук-профил напиша дека нашиот центар во Скопје ќе врши основна и напредна обука на пилоти на хеликоптер.
Како што посочи, министрите за одбрана на НАТО-земјите во овој проект на Северна Македонија, Белгија, Турција, Црна Гора, Грција, Чешка, Унгарија, Италија, Романија и Шпанија, имаа симултано потпишување на Меморандумот за разбирање. бт/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан