• сабота, 06 јули 2024

Заврши санација на повеќе улици во кумановската населба „Иго Тричковиќ“

Заврши санација на повеќе улици во кумановската населба „Иго Тричковиќ“

Куманово, 15 мај 2024 (МИА) - Заврши санацијата на повеќе улици во кумановската населба „Иго Тричковиќ“, соопштија денеска надлежните.

-Уредена е со бекатон улицата „426“ во населба Иго Тричковиќ, информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Претходно таму беа завршени „413“, „416“, „417“, „403“, „426“. Граѓаните бараат уредување и на други улици. Жителите на приградската населба со години бараат санација на улиците. Тие велат дека самите поставувале тампон за да обезбедат непречено движење.

„Иго Тричковиќ“ е една од населбите кои се опфатени во новата планска програма за новиот ГУП на Куманово.

Како што претходно соопштија од секторот за урбанизам, според прелиминарните граници на проширување важечкиот генерален урбанистички план е 1.866, 3 хектари, прелиминарната граница на новиот е 3.559, 3 хектари или двојно повеќе. Во новиот ГУП влегуваат приградските населби Карпош, Иго Тричковиќ, Железничка станица, делот помеѓу Куманово и село Биљановце, дел помеѓу Куманово и село Доброшане … оние кои немаат статус ниту на град, ниту село.

Жителите покрај бенефиции, ќе имаат и обврски кон општината. ам/дма/


Фото: Општина Куманово
 

 

Остани поврзан