• петок, 05 јули 2024

Швајцарската амбасадорка ја посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид

Швајцарската амбасадорка ја посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија во Охрид
Охрид, 25 јули 2022 (МИА) - Досегашниот тек на работа на базенот за физикална терапија во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и потребата за дозаокружување со базенска опрема биле презентирани денеска пред амбасадорката на Швајцарија Веронике Хулман Марти. Во рамките на посетата, директорот на Болницата Ацо Велески им го претставил базенот за физикална терапија, кој беше реконструиран во рамки на програмата за „Одржлив инклузивен рамномерен регинален развој“ со средства од Минитерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. - Беше разговарано за потребите за дозаокружување на базенската опрема, која повторно би била финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, соопшти Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков, изразил благодарност за досегашната соработка со Швајцарската амбасада и Агенцијата за развој и соработка. Ги истакнал проектите кои се реализираат со нивна соработка и потенцирал дека Општина Охрид подготвува нови проекти со кои ќе учествува на наредните повици за кои се надева дека повторно ќе бидат поддржани. Швајцарската амбасадорка потенцирала дека Охрид е високо во нивната агенда и дека во иднина се надева на повторна соработка во реализација на големи проекти кои се од интерес за градот. сс/са/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан