• среда, 03 јули 2024

Швајцарија ќе дели ваучери на оние кои ќе убедат други лица да се вакцинираат

Швајцарија ќе дели ваучери на оние кои ќе убедат други лица да се вакцинираат
Берн, 1 октомври 2021 (МИА) - Швајцарската Влада нуди подарок ваучери за лицата кои ќе наговорат други луѓе да се вакцинираат против Ковид-19. - Секој што ќе се вакцинира ќе може да наведе едно лице кое го наговорило да се вакцинира и тој ќе добие подарок ваучер во вредност од 50 швајцарски франци (46,3 евра), се наведува во соопштението на швајцарската Влада. Локалните власти ќе одлучат каде ќе може да се искористи ваучерот, на пример дали во кината или рестораните. - Секој може да помогне така што ќе убеди пријател, сосед, колега или член за придобивките од вакцинирањето. Таквата соработка треба да се награди, се наведува во соопштението на Владата. Во Швајцарија само 58 проценти од 8,7 милиони население се вакцинирани, со што земјата има една од најниските стапки во Западна Европа. Швајцарија досега прими 11,9 милиони дози, а има искористено 10,4 милиони. ми/

Остани поврзан