• недела, 22 декември 2024

Најмалку три лица загинаа при експлозија на бомба во северозападен Пакистан

Најмалку три лица загинаа при експлозија на бомба во северозападен Пакистан

Исламабад, 3 јули 2024 (МИА) – Во експлозија на бомба во северозападен Пакистан загина поранешниот пратеник Хабитулах Кан и уште две лица, додека двајца се повредени.

Инцидентот се случил додека Кан патувал на политички собир, а неговото возило наишло на бомба во областа Баџур, во провинцијата Хајбер Пахтунква во близина на границата со Авганистан.

За нападот сè уште никој не презел одговорност, а пакистанските талибанци соопштија дека не се вмешани во инцидентот. До неодамна, Баџур беше упориште на терористичката група Тарик-е-Талибан Пакистан (ТТП), сојузник на авганистанските талибанци. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан