• понеделник, 23 декември 2024

Шаќири: Националната стратегија за ИКТ 2021-2025 е од клучна важност за забрзување на дигиталната трансформација

Шаќири: Националната стратегија за ИКТ 2021-2025 е од клучна важност за забрзување на дигиталната трансформација
Скопје, 23 јули 2021 (МИА) - Владата преку Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е цврсто решена во своите заложби да ги користи предностите на ИКТС индустријата и да создаде напредно информатичко општество. Со тоа, ќе ја зголеми продуктивноста, ефикасноста и иновациите во јавниот и приватниот сектор, посочи денеска министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири. Тој за време на отворената јавна расправа за нацртот на Националната стратегија за ИКТ 2021-2025 и придружниот Акциски план, организирана од МИОА, посочи дека оваа ИКТ стратегија е од посебна важност за зајакнување на владината дигитална инфраструктура, за дигитализација на јавните услуги, основање на Дигиталната агенција, воспоставување на заеднички Владин податочен центар, но и изградба на Национална транспортна оптичка мрежа. Стратегијата е објавена на страната на ЕНЕР пред еден месец, и се очекува набрзо да биде усвоена од Владата. Документите на оваа стратегија, како што посочи министерот, се изработени во текот на 2020 година, според условите на проектот „Изработка на долгорочна и национална стратегија на ИКТ“, финансирана од ЕУ. Сепак , тој додаде дека поради отежнати услови предизвикани од пандемијата со ковид-19, но и поради допрецизирање на моделот на поврзување, процесот на усвојување на документот се одложи. -Со оглед на тоа што се работи за стратегија на национално ниво, отворената јавна расправа е од клучна важност, за да можеме да чуеме мислење на сите засегнати страни од сите области на општеството. За оваа стратегија досега добивме коментари и сугестии од различни страни, кои се прифатливи, применливи, и ќе бидат комплетирани во стратегијата, рече Шаќири. Според министерот Шаќири, долгорочната национална ИКТС стратегија и Акцискиот план ќе бидат еден вид „чадор“ за сите активности кои ги презема Владата во областа на ИКТ и дигитализацијата. - Сите проекти и приоритети на МИОА се во корелација и тесно зависат од усвојување на Националната ИКТ стратегија, која се фокусира на индетификуваните приоретни области во ИКТ секторот и има за цел да ја подготви државата за разновидна дигитална иднина, додаде министерот. Како што дополни, реализација на овој проект ќе е од значителна важност за намалување на дигиталниот јаз кој постои меѓу нашата земја и земјите членки на ЕУ, но и за забрзување на дигиталната трансформација. Ана Малцева Маринковиќ од Кабинетот на претседателот на Владата на денешната јавна расправа информира дека на секоја седница на Владата ќе имаат пред точка, која ќе се однесува на агендата за дигитална трансформација, што се подразбира детелен неделен мониторинг и запознавање од страна на креаторите на политики со она што се случува на техничко ниво. Елена Манчева, државен секретар на МИОА денеска на расправата ги објасни главните столбови на оваа стратегија. Првиот столб е поврзливост и владината инфраструктура, каде, како што рече,  се предвидува промовирање на стандардизацијата и земањето предвид на ЕУ алатките за безбедна употреба на 5Г, овозможување понатамошна усогласеност за постигнување стабилна законодавна и регулаторна околина, воспоставување доверлив податочен центар на Владата на РСМ, како и поврзување на субјектите на Владата на РСМ преку владина оптичка мрежа. -Вториот столб на стратегијата е централизација и рационаизација на ИКТ и услугите на Е-Влада, каде меѓудругото се предвидува подигање на свеста и доверба кај граѓаните и бизниси при користење на државните дигитални услуги, преку предржување на принципите на кибер безбедноста, приватност и заштита на податоците, рече Манчева. Исто така, како што рече, предвидени се и дигиталните вештини, наменети за наставници и обучувачи, граѓани, работна сила, ИКТ-професионалци.бт/дма/      

Остани поврзан