• понеделник, 15 јули 2024

Човекот кој загина на митингот на Трамп го заштитил своето семејство од куршумите

Човекот кој загина на митингот на Трамп го заштитил своето семејство од куршумите

Вашингтон, 15 јули 2024 (МИА) - Лицето кое загина за време на обидот за атентат на Доналд Трамп е 50 годишниот Кори Компраторе, кој со своето тело го покрил семејството кога почнало пукањето.

Кори Компраторе се фрлил врз своето семејство да го заштити од куршумите кога почнала стрелбата, изјави синоќа гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро. Тој изјави дека се сретнал со семејството на загинатиот.

-Митингот на Трамп во Пенсилванија го зеде животот на мојот брат Кори Компраторе. Омразата кон еден човек го одзеде животот на човек кој ние најмногу го сакавме, напиша вчера сестрата на жртвата на својот Фејсбук профил.

Компраторе работел како инженер во фабрика за производство на пластични предмети и служел како раководител на волонтерската пожарна служба во Бафало тауншип, јави изданието Pittsburh Post-Gazette. кб/

Остани поврзан