• вторник, 16 јули 2024

Во Албанија се зголемува бројот на заразени со коронавирус, најпогодени децата

Во Албанија се зголемува бројот на заразени со коронавирус, најпогодени децата

Тирана, 15 јули 2024 (МИА) - Покрај сезонските вируси, во Албанија летово се бележи зголемен број случаи на заразени со коронавирус.

-Додека во европските земји циркулира нова подваријанта на КП.3, она што го зголеми бројот на заразени во Албанија е фактот дека циркулира подваријанта на омикрон, која најмногу ги погодува децата и возрасната група од 30 години и повозрасни, јави Топ чанел.

- Ковид е присутен во текот на целата година, во ниту еден момент не сме имале 0 случаи. Сега забележуваме флуктуација на кривата и имаме десетици случаи дневно, потврдува  Еугена Томини, директорка на Заводот за јавно здравје.

И лекарите во здравствените установи велат дека дневно се јавуваат  случаи кои клинички имаат знаци на ковид, иако се уште не се прават брисеви за да се потврди.

-Симптомите се омалаксаност, болки во зглобовите, главоболки, кашлица, висока температура, губење осет за мирис и вкус. Засега нема хоспитализирани, објаснуваат лекарите.

Директорката  на Заводот за јавно здравје,Томини, апелира дека во никој случај не треба да се намалува грижата во однос на хигиенските правила, бидејќи не само ковидот, туку и другите вируси го влошуваат здравјето посебно кај хронично болните. вт


Фото: принтскрин

Остани поврзан