• вторник, 12 ноември 2024

Чешкиот министер го повика рускиот амбасадор на разговор по нападот на детска болница во Украина: Тие се дното на нашето општество

Чешкиот министер го повика рускиот амбасадор на разговор по нападот на детска болница во Украина: Тие се дното на нашето општество

Прага, 10 јули 2024 (МИА) - Чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски, го повика рускиот амбасадор на разговор по нападот на детска болница во Украина, во кој загинаа најмалку 31 лице.

„Одлучив да го повикам рускиот амбасадор. Убиците кои напаѓаат деца во болници се дното на човечкото општество. Нему му е наредено да ја пренесе пораката во Москва“, објави Липавски на социјалните мрежи.

Русија не ја признава одговорноста за нападот, тврдејќи дека станува збор за украинска ракета. Властите во Киев, од друга страна, тврдат дека истрагата ќе покаже дека нападот го извршила Русија. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан