• вторник, 09 јули 2024

Чеферин по трет пат избран за претседател на УЕФА

Чеферин по трет пат избран за претседател на УЕФА

Лисабон, 5 април 2023 (МИА) - Александар Чеферин по трет пат е избран за претседател на УЕФА. Гласањето се одржа денес на 47. конгрес на организацијата во Лисабон (Португалија).

 

Кандидатурата на Чеферин беше единствената ставена на изборите. Педесет и петгодишниот Словенец ќе ја извршува функцијата уште четири години.

 

Чеферин е седмиот претседател во историјата на УЕФА. Тој ја презеде функцијата во септември 2016 година и беше реизбран во февруари 2019 година. зс/

Остани поврзан