• петок, 22 ноември 2024

Четворица нови полски министри положија заклетва

Четворица нови полски министри положија заклетва

Варшава, 13 мај 2024 (МИА) – Четворица нови министри денеска положија заклетва пред полскиот претседател Анджеј Дуда. Четворицата министри кои ги напуштаат функциите ќе бидат кандидати на изборите за Европскиот парламент.

Поранешната директорка на Националната уметничка галерија во Варшава „Зачета“ – Хана Врубљевска доаѓа на местото на министерот за култура Бартломеи Шенкевич.

На местото на Марчин Кервински министер за внатрешни работи доаѓа координаторот на разузнавачките служби, Томаш Шемониак, кој сега ќе ги комбинира двете места.

Јакуб Јаворовски ќе биде нов министер за државен имот, на местото на Борис Будка.

Министерствата за култура, внатрешни работи и државни средства се предводени од членови на партијата Граѓанска платформа на Туск.

Четвртиот министер – Кшиштоф Хетман, член на христијанско-конзервативната партија Трет пат, ќе биде заменет како министер за економски развој и технологија со Кшиштоф Пашик, кој моментално е лидер на парламентарната група на партијата.

Изборите за ЕП ќе се одржат од 6 до 9 јуни. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан