• четврток, 18 јули 2024

Честитка по повод Денот на независноста од МД „Илинден“ -  Тирана

Честитка по повод Денот на независноста од МД „Илинден“ -  Тирана
Тирана, 8 септември 2022 (МИА) - Македонското друштво „ Илинден“ - Тирана упати честитка по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Северна Македонија. - Во мое лично име и во името на македонското друштво „Илинден“ - Тирана ви го честитам 8 Септември - Денот на независноста на татковината Македонија. Пред точно 31 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, стои меѓу другото во честитката. Се додава дека овој историски ден е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна и суверена држава. -Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна нашата татковина, Република Македонија, се наведува во честиката потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Честитка, по повод Денот на независноста од свое и од име на партијата упати и Васил Стерјовски, претседател на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. вт/мд/  

Остани поврзан