• понеделник, 24 јуни 2024

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам

Скопје, 16 јуни 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед.

На поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, Сиљановска Давкова им упати честитки по повод големиот муслимански празник - Курбан Бајрам.

- Најискрено посакувам празничните денови да донесат среќа, радост, љубов, хармонија и мир. Курбан Бајрам ги потенцира благодетелта, дарувањето и солидарноста, инспирирајќи нѐ на хумани дела и поддршка на сите на кои им е потребна. Да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, заедно во добро и лошо без разлика на верската, етничката, половата или било која припадност и да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани, стои во честитката од претседателката Сиљановска Давкова, соопштија од нејзиниот Кабинет. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан