• петок, 12 јули 2024

Честитка од МД „Илинден"- Тирана по повод 23 Oктомври -– Денот на македонската револуционерна борба

Честитка од МД „Илинден
Тирана, 23 октомври 2022 (МИА) - Македонското друштво „Илинден"-Тирана по повод празникот 23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба,  упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. - Од името на сите Македонци кои живеат во Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 Oктомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение на македонскиот непокор. Овој голем национален празник е потсетник за првата семакедонска организација и нејзината најголема цел да го обедини македонскиот народ и да ја исполни вековната желба за слободна татковина. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, се наведува во честитката. Честитајќи им го денот, на сите Македонци каде и да се на земјината топка, друштвото потсетува дека Денот на македонската револуционерна борба е „еден од трите светли датуми кои го одбележаа векот за обнова на македонската државност". – Нека е вечен и вековит Денот на македонската револуционерна борба, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. вт/цр

Остани поврзан