• недела, 17 ноември 2024

Полициски хеликоптер исфрли над 45 тони вода врз пожарот на планината Огражден

Полициски хеликоптер исфрли над 45 тони вода врз пожарот на планината Огражден

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Полициски хеликоптер денеска учествуваше во гаснењето на пожарот на планината Огражден, на територијата на Општина Ново Село, соопшти МВР.

Поради тешко пристапниот терен полицискиот хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да почнат со гаснење од земја, а хеликоптерот продолжи да дејствува од воздух.

-За време на дејствувањето,  хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен се дејствуваше да се спречи еден од краците на пожарот да навллезе во дабова и букова шума, наведуваат од МВР. вг/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан