• петок, 22 ноември 2024

Чави разочаран од одлуката на Дембеле да не го продолжи договорот и се чувствува измамен, но нема да го држи Осман надвор од тимот

Чави разочаран од одлуката на Дембеле да не го продолжи договорот и се чувствува измамен, но нема да го држи Осман надвор од тимот
Барселона, 16 јануари 2022 (МИА) - Тренерот на Барселона Чави е разочаран од одлуката на крилниот напаѓач Усман Дембеле да не го продолжи договор. Според „As“, тренерот се смета себеси за измамен и го обвинува агентот на фудбалерот Муса Сисоко за тоа што се случило. Според Шпанецот, Дембеле се наоѓа во „токсична средина“. Во исто време, Чави, спротивно на претходно објавените информации, нема да го исклучи играчот од средниот ред од составот до крајот на сезоната. Тренерот знае дека најдобрата опција за Барселона би била да го продаде Дембеле во зима поради финансиски причини и поради евентуалната негативна реакција на навивачите кон играчот за време на домашните натпревари на клубот. зс/

Остани поврзан