• недела, 18 август 2024

ЦУК: Изминатото деноноќие - 42 пожара на отворено, 11 активни

ЦУК: Изминатото деноноќие - 42 пожара на отворено, 11 активни

Скопје, 18 август 2024 (МИА) - Четириесет и два пожара евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие. 

Како што соопштија од ЦУК, од вкупниот број пожари регистрирани изминатото деноноќие, 11 се активни, а шест се под контрола.

Според соопштеното, по два активни пожара има во општините Долнени и Пробиштип. По еден активен пожар има во општините Дебар, Маврово - Ростуше, Македонски Брод, Пласница, Чашка. Последните два пожара се на територија на две општини - едниот на Охрид и Ресен, а другиот на Демир Хисар и Кичево.

Пожарите под контрола се наоѓаат во општините Кичево, Новаци, Македонски Брод, Демир Хисар, Делчево, Чашка.

Единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 бележи 2.342 повика, а од нив, како „реални“ биле категоризирани 53.80 отсто. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан