• вторник, 05 ноември 2024

ЦУК: Воспоставена делумна контрола на пожарот во Зелениково

ЦУК: Воспоставена делумна контрола на пожарот во Зелениково

Скопје, 27 август 2023 (МИА) - Пожарникарите од Бригадата за протовпожарна заштита на град Скопје со подршка на Доброволното  противпожарно друштво од Зелениково воспоставиле делумна контрола врз пожарот што избувна попладне во Општина Зелениково, информираат од Центарот за управување со кризи.

Пожарот во атарот на селата Смесница, Ново Село и Страхојадица зафатил трева, нискостеблести растенија и ниска шума.

Од ЦУК велат дека во овој момент нема потреба од интервенција на воздухоплови.

-Состојбата во текот на ноќта ќе ја следат скопските пожарникари. Утре наутро ќе одлучиме на кој начин ќе се пристапи за догаснување на овој пожар во атарот на село Смесница, Општина Зелениково, соопштуваат од ЦУК.лв/

Остани поврзан