• среда, 16 октомври 2024

Црковно народен собир по повод Покров на Пресвета Богородица во каменичкото село Цера

Црковно народен собир по повод Покров на Пресвета Богородица во каменичкото село Цера

Македонска Каменица, 14 октомври 2024 (МИА) - Во каменичкото село Цера денеска се организираше општо-народен црковен собир по повод христијанскиот Покров на Пресвета Богородица. Во рамки на настанот во истоимениот храм се одржа црковна литургија со која чиноначалствуваше епископот Делчевско-каменички г.Марко. 

Овој голем верски празник, како што истакна градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, е длабоко вкоренет во  православната вера и традиција кај каменичани.

- Празникот служи како потсетник за заштитата и благословот што Пресвета Богородица ги дава на сите нас и целиот православен свет. Како локална самоуправа, постојано сме посветени на зачувувањето на нашето културно и духовно наследство. Ги поддржуваме активностите на манастирот и Делчевско - каменичката епархија се стремиме да создадеме услови за негово понатамошно унапредување. Веруваме дека со заеднички напори, со Епископот Делчевско - Каменички г. Марко, ќе успееме да го одржиме и развиваме овој наш повеќевековен свети храм на верата и традицијата, истакна Атанасовски.

Епископ г.Марко во своето поучно слови се осврна на значењето на празникот.

- Благословот на Пресветата Богородица секогаш не следи и нека ни подари здравје, мир и благосостојба. Да ни е честит празникот, и нека Богородица го чува нашиот народ и нашата заедница, додаде г.Марко.

Настанот продолжи со служење заеднички ручек за присутните верници. вс/цр


Фото: Градоначалник на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски

Остани поврзан