• вторник, 08 октомври 2024

Центри за побезбеден интернет - европски стандард во заштита на најмладите корисници

Центри за побезбеден интернет - европски стандард во заштита на најмладите корисници

Скопје, 9 септември 2024 (МИА) – Северна Македонија ќе добие Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNet, што се смета за европски стандард кога е во прашање безбедноста на децата и младите во дигиталниот простор. Неговото формирање, според експертите, е насушна потреба, поради незадоволителната дигитална писменост и случаите на интернет кои имаа сериозни последици.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во ЕУ Инфо House го потпиша Грант договорот со Европската Унија за основање на првиот Национален центар за побезбеден интернет - MkSafeNet. Овој чекор е дел од програмата Дигитална Европа, која предвидува вкупно  7,5 милијарди евра на ниво на цела Европска унија. Проектот ќе биде финансиран со грант од 673.354 евра од Европската Унија, дополнет со значително кофинансирање од Владата во износ од околу 175 илјади евра.

Според Андоновски, во ерата на рапидна дигитализација, безбедноста на интернет не е луксуз, туку неопходност, и претставува инвестиција во нашата дигитална иднина, клучна за економски развој и за создавање на квалификувана работна сила за дигиталната ера.

- Овој проект не е изолиран чекор, туку е дел од пошироката стратегија на Владата за дигитална трансформација на Македонија. Заедно со сеопфатните политички и стратешки документи и регулатива, центарот е камен во мозаикот на нашите заложби за реформи во процесот на вистинска дигитализација,  евроинтеграции и претставува конкретен пример за тоа како соработката со ЕУ носи директни придобивки за нашите граѓани, рече министерот Андоновски, посочувајќи на уште еден елемент како придобивка од овој проект, а тоа е да се дознае каква е состојбата кај нас со младите на интернет споредено со другите држави.

MkSafeNet ќе се реализира во текот на наредните 18 месеци и ќе вклучува студија со акциски план за конкретни обврски на секој од засегнатите чинители, формирање на центар за подигнување на свесноста од заканите на интернет, телефон за помош (Helpline), младински панел и советодавен одбор. Проектот е целосно усогласен со EU Digital Services Act и стратегијата Better Internet for Kids (BIK+), што дополнително ја приближува земјата кон европските стандарди во дигиталната сфера.

Правна регулатива и состојба со насилство на интернет

Кога е во прашање законската регулатива, во Кривичниот законик по кој постапува МВР, нема посебно дефинирано кривично дело „сајбер малтретирање". Сличен тип на злоупотреби, како што изјавуваат од МВР за МИА, граѓаните ги пријавуваат по однос на кривичните дела „злоупотреба на лични податоци" казниво по член 149 од КЗ, како и „загрозување на сигурноста по пат на информатички системи" казниво по член 144 ст.5 од КЗ, кривични дела кои Советот на Европа ги усвоил на Конвенцијата за компјутерски криминал во Будимпешта и имаат стапено на сила на 01.01.2005 година.

Министерството за внатрешни работи го документирала случајот со објавата на фејсбук профилот на Б.Т. кој вчера објавил пост „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи“, кој содржи

На прашањето дали МВР има статистика со пријави за сајбер малтретирање на млади, од Министерството наведуваат дека младите во земјава најчесто се соочуваат и пријавуваат проблеми како што се: закани по пораки на социјални мрежи, отворање на лажни профили, споделување на нивни фотографии во приватни групи со недолични коментари (содржини). По добиените пријави, Министерството за внатрешни работи врши истраги за прибирање на докази и ги утврдува фактите, додека санкциите се надлежност на Јавното Обвинителство и Судот, наведуваат од МВР. 

На АлоБушавко, во последните пет години пристигнати 10 дојави за интернет сексуална злоупотреба 

Детската амбасада Меѓаши, е дел од проектот „MKSAFENET“ кој е под водство на Министерството за дигитална трансформација, а во рамки на кој, во периодот од 18 месеци треба да се воспостават важни механизми, процедури и правила на координирано справување со различни предизвици во интернет просторот со кои се соочуваат децата.

- Проектот стартува од 01.09.2024 година и предвидува формирање на Национален центар за безбеден интернет простор за децата каде како важен дел од новиот систем за безбедност е АлоБушавко линијата за деца и млади претходно познат како СОС телефон за деца и млади, велат од Меѓаши.

Од невладината организација за МИА појаснуваат дека линијата за деца и млади АлоБушавко, е дел од глобалната мрежа на СОС-линиите Child helpline International (CHI), меѓународна мрежна организација призната од Европската комисија и Генералниот директорат за правда, како стратешки партнер во јакнењето на улогата на детските СОС-линии во Европа.

Во ова чудно време-невреме би сакале да ја споделиме со вас радоста за нашата 28-годишнина на многу години исполнети со работа и активности во секакви околности, години посветени на помош на

- Оваа глобална мрежа е признаена и на светско ниво и има значајна улога во подобрувањето на остварувањето на правата на децата засновано на реални податоци. Согласно истата, сите дојави кои пристигнуваат на телефонот се бележат во девет категории, од кои следствено на тоа само две се однесуваат конкретно за дојави на интернет (интернет сексуална злоупотреба, интернет сексуална експлоатација), велат од Меѓаши.

 Во рамки на своето 30 - годишно работење на СОС телефонот, дел од дојавите се однесувале за меѓуврсничко насилство на интернет, злоупотреба и исмејување додека во изминатите пет години (2020-2024), согласно годишните извештаи на АлоБушавко, вкупен број на дојави за интернет сексуална злоупотреба изнесува 10. И покрај малиот број на дојави за оваа проблематика споредбено со другите предизвици со кои се соочуваат децата, секогаш постои можност за подобрување на соработката со и помеѓу државните институции.

- Сите дојави пристигнати до Меѓаши за сајбер насилство / насилство на интернет се пријавени до надлежните институции за нивно итно разрешување, додека Детската амбасада е 24/7 достапна за психосоцијална поддршка на децата и младите за време на процесот, велат за МИА од Меѓаши.

Заштитата на децата во онлајн просторот мора да биде национален приоритет

Бојан Кордалов, комуниколог, претседател на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) го поздравува фактот што се раздвоија ресорите дигитална трансформација и јавна администрација, бидејќи, вели, на овој начин конечно се создава основа да се стави фокус во унапредувањето и на двете важни области. Формирањето на Национален центар за побезбеден интернет со фокус на децата и младите, тој смета дека треба да биде од национален приоритет.

-Кога зборуваме за дигитализацијата, факт е дека е неопходно да прифатиме дека безбедноста на интернетот, а особено заштитата на децата во онлајн просторот мора да биде национален приоритет, како и приоритет на секој чинител и на секоја индивидуа во општеството. Не е доволно само да се „преселиме“ онлајн, туку еднакво важно е да останеме заштитени од секој аспект, вели Кордалов.

Тој потсетува дека институциите мора да стават сериозен фокус на децата и младите, нивната безбедност, едукација и правилен развој во онлајн сферата особено поради незадоволителната дигитална писменост и случаи на интернет кои имаа сериозни последици.

-На оваа тема зборуваме цела деценија и за поздравување е основањето на Националниот центар за побезбеден интернет (MkSafeNet), како и поддршката што за ова ја добиваме од нашите партнери од Европската Унија (ЕУ). Министерството за дигитална трансформација, како и министерствата за образование и млади мора да стават сериозен фокус на децата и младите, нивната безбедност, едукацијата и правилниот развој во онлајн сферата и ние постојано им ја нудиме нашата експертска поддршка во оваа сфера. Да потсетиме дека изминатава деценија бележиме пад во дигиталната писменост на нашите деца, особено споредено со децата од регионот и Европа. Понатаму, зборувавме за случаи како „Јавна соба“, сајбер насилство и малтретирање, опасни игри и предизвици на социјалните мрежи кои неретко завршуваа и со последици, оценува Кордалов.

Ако сакаме да превенираме, вели Кордалов, компонента која е најважна е да вложуваме во раната едукација и заштита на децата, а тоа можеме да го постигнеме со заеднички напори и сили и само со вклучување на сите во процесот. 

- До сега, за ова се немало инклузивна стратегија и не биле сите вклучени да ги поддржат процесите. Ваквите активности и новитети, како што е Националниот центар и слично можат да бидат точката која тоа ќе го промени, потенцира Кордалов.

Обуки од рана возраст и развивање на критичност кон содржините на интернет

Психологот Мирјана Стојановска Јовановска се согласува со потребата од рана едукација на децата заради безбедно користење на интернетот. Според неа, добро е сите деца да поминат едукација како да користат интернет, но во исто време да добијат едукација и за безбедност во дигиталниот простор.

Со речиси целосната покриеност на државата со пристап до интернет, вели Стојановска Јовановска, неговата примена е многу распространета и веќе имаме податоци на злоупотреба на многу млади луѓе и деца заради тоа што ги контактирале лажни профили, разни организации...

-Од цел свет добиваме податоци дека млади се регрутирани од паравоени и воени формации. Тоа беше случајот со Сирија и други терористички организации, а и поединци кои вршеле сексуални злоупотреби на млади, или за наведување на одредени работи. Често има и психолошка злоупотреба помеѓу младите, не само од лажните профили. Можеби доцниме со воспоставување на овој Центар, но подобро подоцна отколку никогаш. Барем од сега натаму младите ќе имаат место каде може да се обратат и да прашаат, каде нема да бидат критикувани, да бидат обвинети, казнети туку ќе им се даде помош да знаат да разликуваат, и да се штитат себе си, вели Стојановска Јовановска.

Во овој момент оптимално решение е да се продолжи со онлајн настава. Оптимално решение ако на прво место ја ставиме пандемијата и да го заштитиме здравјето на нашите деца и на повозрасните. А

Кај децата жртви на сајбер булинг, вели таа, многу е важна психолошката поддршка, затоа што последиците од тоа се исти како и во директната комуникација кога некој не напаѓа, не навредува, ни го зацрнува животот, затоа што младите не знаат да прават разлика меѓу реалниот и виртуелниот свет.

Стојановска Јовановска смета дека денес воспитната компонента во образовната дејност е запоставена и потребно е во училиштата да се преструктуираат кадрите од помошните служби, затоа што вели, менталното здравје треба да стане приоритет, а не да се споменува спорадично. 

-На почетокот од секоја учебна година, и на полугодието треба да се зборува со децата за опасностите на интернетот, дека не сите информации се точни, па дури и податоците од Вештачката интелигенција треба да се земаат со резерва оти таа користи достапни податоци на интернет, и треба да се поттикнува критичност кон се што читаме, особено кон информациите на Интернет, подвлекува проф. Стојановска Јовановска.  

Покрај улогата на училиштата, најважни во процесот на емоционално и психичко созревање се родителите, и тие се први кај кои треба да се вклучи алармот штом забележат дека нешто се случува со детето, нагли промени во расположението, спиењето, учењето...Притоа најважно е да зборуваат со своите деца. 

Европски стандарди

Состојбата со безбедноста на децата во интернет просторот во ЕУ се следи системски во изминатите 10 години преку „Мониторинг извештајот за подобар интернет за деца“.

Главната цел e да се споредат и разменат знаења за политиките и активностите коишто ја промовираат безбедноста и благосостојбата на децата во дигиталната средина врз основа на препорачаните мерки од Европската стратегија за подобар интернет за деца (стратегијата БИК). Со промените во дигиталното опкружување, и оваа стратегија еволуирала и  повторно е лансирана како стратегија БИК+ во мај 2022 година, а последниот, петти извештај е објавен во мај оваа година.

Овој извештај ја проценува состојбата на дигиталните политики во однос на значајните промени во законодавниот и регулаторниот пејзаж и ги детализира активностите преземени во рамки на БИК+ во пракса во сите 27 земји-членки на ЕУ, во Исланд и Норвешка. 

Во извештајот авторите нотираат дека две години по усвојувањето на стратегијата БИК+, поттикнувањето подобар и побезбеден интернет за децата е важен политички приоритет во речиси сите европски земји. Утврдено е дека националното законодавство и политики опширно се однесуваат на онлајн безбедноста и дигиталната заштита, дигиталното зајакнување (стекнување потребни вештини за здрав избор и одгoворно изразување во онлајн опкружувањето) и активното учество на децата и младите– трите приоритетни столбови на стратегијата БИК+.

Извештајот содржи и препораки за активности во рамки на БИК+: меѓу кои се систематска евалуација на законите и регулативите за заштита на децата од онлајн штети, ажурирање на иницијативите за дигитална писменост за да се задржи чекор со новите технологии како што се генеративната вештачка интелигенција и обезбедувањето дека наставниците и едукаторите се соодветно поддржани и континуирани напори за да се осигура дека сите деца имаат еднаков, безбеден и инклузивен пристап до дигитална технологија.

Во рамките на БИК+, порталот „Подобар интернет за деца“ се обезбедува мноштво ресурси и најдобри практики, во соработка со кофинансираната мрежа на центри за побезбеден интернет во земјите-членки, финансирана од ЕУ, кои допираат до децата, родителите и наставниците.

Меѓу тековните иницијативи за испорака на конкретни решенија за подобро и здраво користење на интернетот за децата и младите, фокусот е на стандардни методи за осигурување и верификација на возраста во Европа, поддршка за брза проценка на незаконски и штетни содржини и помош за жртвите на сајбер малтретирање на бројот 116 111. 

Истражувања покажуваат дека времето кое децата го поминуваат онлајн речиси е удвоено помеѓу 2010 и 2020 година.   

Виолета Геров

Фото: МИА Архива/Бојан Кордалов/БИК+Извештај 2024

Остани поврзан