• понеделник, 23 декември 2024

Царовска: Само со родова еднаквост може да се создаде иднина без предрасуди и дискриминација

Царовска: Само со родова еднаквост може да се создаде иднина без предрасуди и дискриминација
Скопје, 13 јули 2021 (МИА) - Само со родова еднаквост може да се создаде поубава иднина, иднина без предрасуди и дискриминација. Верувам дека денешните учесници на овој Самит ќе донесат заклучоци за создавање на подобар свет кој не препознава дискриминација по родова, етничка, културана, социјална или друг вид на припадност, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, во обраќање на Глобалниот Самит за лидерство за девојките. Како што соопошти Министерството за образование и наука, Царовска на Самитот истакна дека земјава во новата концепција за основно образование, која стартува од септември, посебно внимание посветува низ образовниот процес да изгради идни генерации кои ќе ги почитуваат различностите и заеднички ќе создаваат општество во кое има место за секој. Министерката ги повика девојките да не се сомневаат во своите способности за лидерство и да ги следат примерите на многуте девојки меѓу кои и учесничката на Самитот, Малала Јусафзаи, која преку својот активизам се бори против родовата дискриминација и родово базирано насилство. Глобалниот Самит за лидерство за девојки е во организација на непрофитното Здружение „Girl Up“ кое има за цел да ги обедини и зајакне девојките и младите жени од целиот свет да се борат за еднаквост на правата, платите и животниот стандард. ар/сп/

Остани поврзан