Царинска управа: Унапредување на институционалната соработка и размената на податоци - клучно за сузбивање на криминалот
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 20 август 2024
Жестока борба со криминалот и негово целосно сузбивање ќе се овозможи преку унапредување и зајакнување на институционалната соработка со Народна банка, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, денеска одржа состанок со гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска на којашто ја потенцираше важноста на размената на податоци и нивно мечирање за целосно сузбивање на криминалот.
За овие потреби ќе биде склучен Меморандум во кој ќе се дефинираат ингеренциите и сетовите на податоци со кои располагаат институциите, а што ќе придонесe за подобро следење на текот на парите и сузбивање на криминалните дејствија меѓу коишто и спречување перење пари и финансирање тероризам.
Потребно е да ја зајакнеме и подобриме институционалната соработка, преку размена на податоци. Од аспект на државните интереси за жестока борба со криминалот, следењето на текот на парите, особено во делот на меѓународните трансакции е клучно, вели Николовски.
На средбата воедно беше договорено Народната банка да спроведе обуки за вработените во Царинската управа во насока на зајакнување на институционалните капацитети во борбата против фалсификување пари.
Царинска управа
_______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.