• понеделник, 14 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Царините на Трамп опфаќаат и ненаселени територии

Царините на Трамп опфаќаат и ненаселени територии

Вашингтон, 3 април 2025 (МИА) - Најновите царини што ги воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за увозна стока опфаќаат и ненаселени или речиси ненаселени територии, вклучувајќи делови од Австралија и Норвешка.

Според списокот објавен на „X“ на Белата куќа, САД воведоа царина од 10 отсто на стоки од островот Херд и Мекдоналдс - австралиски територии лоцирани поблиску до Антарктикот, кои се целосно ненаселени, јавува Би-Би-Си.
Царини од 10 проценти се воведени и за стоките од Свалбард и Јан Мајен, две оддалечени норвешки територии во близина на Северниот пол, кои заедно имаат околу 2.500 жители.

Не е јасно какви производи извезуваат овие територии во САД. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан