• четврток, 18 јули 2024

Хутите започнаа нов напад врз Израел, лидерот на движењето им се закани на Саудијците

Хутите започнаа нов напад врз Израел, лидерот на движењето им се закани на Саудијците

Сана, 9 јули 2024 (МИА) - Јеменските Хути објавија дека извршиле нов напад врз Израел во координација со движењето на ирачкиот исламски отпор, а овој пат цел бил пристанишниот град Еилат.

Според извештаите на медиумите блиски до Хутите, Еилат бил цел на неколку беспилотни летала, а израелската армија објавила и дека еден од сомнителните беспилотни летала што се движел кон Израел од правец на Црвеното Море соборил борбен авион.

-Жителите на градот Еилат пријавија дека слушнале експлозии, се вели во соопштението.

За нападот зборуваше и портпаролот на јеменското движење Јахја Сари, кој рече дека операцијата што ја извеле со ирачките сили ги постигнала целите.

Во меѓувреме, по повод настаните на Блискиот исток се огласи и лидерот на јеменските Хути Абдул-Малик Ал-Хути, кој во своето обраќање до нацијата упати директна закана до Саудиска Арабија.

Нашата преокупација со директната борба за поддршка на Газа не значи дека нема да можеме да направиме ништо за лудите чекори на саудискиот режим кој верува дека може да го уништи нашиот народ преку глад, епидемии и тешка опсада. Нашиот народ е трпелив поради нивното верување дека има важна битка, рече лидерот на движењето.

Тој рече дека Американците ги туркаат Саудијците во глупост и агресија.

-Ако Американецот успее да ве вмеша, тоа е страшна глупост и голем неуспех, а наше природно право е да се спротивставиме на какви било агресивни чекори. Ако го сакате, само обидете се, заклучил лидерот на Хутите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан