• недела, 22 декември 2024

Во делови на Атина веќе десет дена минималната ноќна температура е над 30 степени

Во делови на Атина веќе десет дена минималната ноќна температура е над 30 степени

Атина, 18 јули 2024 (МИА) – Во повеќе делови на Грција, биле регистрирани високи температури и во текот на ноќта, а во атински населби веќе десет дена минималната ноќна температура е над 30 степени, според податоците од Националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Во предградието Пиреас од 9 јули, во континуитет, во текот на целиот ден температурата се одржува на ниво од над 30 степени, а слична е ситуацијата и во други населби во Атина, особено во западниот дел на градот.

Топлотниот бран во Грција се очекува да кулминира во следните денови со температури до 43 степени Целзиусови.

Поради високите температури и денеска, исто како и вчера. Акропол и археолошките локалитети во Атина се затворени во периодот меѓу 12 и 17 часот. ср/

Остани поврзан