Хуманитарна донација од Тим Европа и меѓународни партнери во Европската куќа на млади во Велес
- Лицата со попреченост денеска во Европската куќа на млади во Велес, заедно со шефот на делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир и со други амбасадори од земјите-членки на ЕУ се дружеа и уживаа на церемонијата на донирање, која беше завршен настан на „Добротворниот базар“ што го организираше „Dobredojde Macedonia Welcome Centre“ во декември минатата година.
Велес, 22 февруари 2024 (МИА) - Лицата со попреченост денеска во Европската куќа на млади во Велес, заедно со шефот на делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир и со други амбасадори од земјите-членки на ЕУ се дружеа и уживаа на церемонијата на донирање, која беше завршен настан на „Добротворниот базар“ што го организираше „Dobredojde Macedonia Welcome Centre“ во декември минатата година.
На трите организации им биле поделени вкупно 500 илјади денари од кои Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес и Центарот за младински активизам „КРИК“ од Скопје добиле по 125 илјади денари, додека Јавната установа за рехабилитација на деца и младинци- Скопје добила 250 илјади денари. Исто така, со 30 илјади денари биле купени подароци коишто денеска беа делени помеѓу присутните.
Далиборка Златева од велешкото Здружение на лица со церебрална парализа домаќин на настанот информира дека со овие средства здружението од Велес набавило две клими, столчиња, правосмукалки, електрични ѓезвиња, телевизори и други средства коишто биле потребни и неопходни за четирите мали групни домови за лицата со посебни потреби. Тие домови се наоѓаат во Велес и Башино Село кај Велес и два групни се во Градско, а во нив се сместени 20 лица со посебени потреби, кои порано биле сместени во инстутуција, а веќе три години се преместени во овие групни домови. За нив се грижат лични асистенти, за што велешкото и скопското здружение имаат поддршка од Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика.
Амбасадорот Гир пред присутната истакна дека му претставува особена среќа што духот на Божиќ продолжува и во текот на месец февруари благодарение на овој завршен настан од „Добротворниот базар“.Тој оцени дека во земјава одлично се реализира процесот на деинституционализација за лицата со посебни потреби.
-Многу е прекрасно што духот на Божиќ продолжува и во текот на февруари. Премногу сум среќен што денеска сме сите заедно собрани во Европската куќа на млади во Велес. Сакам да се заблагодарам на сите коишто беа дел од овој настан, посебно до г-ѓа Емилија којашто е претседателка на невладината организација „Dobredojde Macedonia Welcome Centre“,к ако и на сите амбасадори на сите земји членки на ЕУ. Исто така и за вашата добродушност и што дадовте свој придонес оваа денешна донација да биде дадена на лицата со попреченост во Велес и Скопје, додаде евроамбасадорот Гир.
Претседателката на здружението „Dobredojde Macedonia Welcome Centre“, Емилија Миладинова Аврамчева, пред присутните појасни дека оваа имплементација на добротворната мисија и предизвикува особено чувство на среќа коешто денеска го споделува со сите пристуни.
-Работевме заедно онака како што знаеме и можеме со цел да ги подржиме ранливите и невидливите луѓе кои постојат во оваа земја и кои заслужуваат еден достоен живот. Сакам да се заблагодарам на амбасадорот Гер за неговата хуманост и посветеност во работата. Исто така и до сите амбасади коишто земаа учество во овој базар, како и на нивните брачни партнери. Нашите партнери, здруженијата ни докажаа дека работат со љубов, посветено и овие лица кои работат за лицата со попреченост ја заслужуваат нашата целосна поддршка, порача Миладинова Аврамчева.
На настанот членовите од трите здруженија на присутните им приредија вистинско уживање со рецитал, како и две музички песни.
Лицата со посебни потреби на присутните амбасадори како знак на благодарност им поделија рачно изработени украси и природни производи со лаванда која сами ја произведуваат не велешките полиња. ад/дма/
Фото: МИА