• петок, 06 септември 2024

Хуан Мата започнува нова авантура – ​​ќе игра во Австралија

Хуан Мата започнува нова авантура – ​​ќе игра во Австралија

Сиднеј, 5 септември 2024 (МИА) - Хуан Мата кариерата ја продолжува во Австралија.

Шпанецот потпиша едногодишен договор со Вестерн Сиднеј Вондерерс како слободен играч бидејќи е без ангажман од јануари 2024 година кога се раздели со Висел Коби.

-Многу сум возбуден што доаѓам во единствениот австралиски клуб кој ја освои Азиската Лига на шампиони и навистина со нетрпение очекувам да стигнам таму, да започнам со тренинзи и да се подготвувам за сезоната, рече Мата.

Мата во Челси пристигна од Валенсија во 2011 година, во 2014 година се пресели во Манчестер Јунајтед, од каде како слободен играч замина во Галатасарај во 2022 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан