Осимен лесно ја прифатил понудата од Галатасарај
- Виктор Осимен „лесно“ ја прифатил понудата на турскиот фудбалски клуб Галатасарај за кој ќе настапува до крајот на актуелната сезона.
Истанбул, 5 септември 2024 (МИА) - Виктор Осимен „лесно“ ја прифатил понудата на турскиот фудбалски клуб Галатасарај за кој ќе настапува до крајот на актуелната сезона.
Нигерискиот напаѓач беше позајмен од италијанскиот Наполи и има опција да го раскине договорот во јануари доколку неговата трансфер клаузула биде активирана од трет тим.
-Ми беше лесно да ја прифатам понудата на Галатасарај. Тоа е огромен клуб. Хенри Онкиејуру,исто така Нигериец и поранешен играч на Галатасарај, ми кажа колку овој клуб е посебен за своите навивачи. Среќен сум што играм за Галатасарај, рече тој, цитиран од „Скај Спортс“.
Осимен, кој во својот нов клуб ќе го носи бројот 45, би можел да дебитира против Ризеспор во турската Суперлига на 14 септември. дс
Фото: Х/Галатасарај