• петок, 22 ноември 2024

Христијан Мицкоски во Битола го честиташе празникот на градот 4 Ноември

Христијан Мицкоски во Битола го честиташе празникот на градот 4 Ноември
Битола, 4 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Битола го честиташе празникот на градот 4 Ноември, откако присуствуваше на увид на завршната фаза од реализацијата на комунален проект во рамки на општинската програма „23 улици“. Во изјава за медиумите, Мицкоски посебен акцент стави на реализацијата на капиталните инвестиции на Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски. - Разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и Владата на СДСМ и ДУИ е во тоа што го ветуваме, тоа и го испорачуваме. Импозантно е во Битола повеќе од 75 проценти да се реализирани капитални инвестиции и над 65 проекти во најава за реализација во следната година. Битола заслужува да го врати својот сјај што го заслужува, а идната Влада на ВМРО ДПМНЕ и јас како мандатар ќе посветам посебно внимание за Битола. Честит празник на битолчани, рече Мицкоски. Со реконструкција и асфалтирање на патот што води до битолското село Брусник, како атрактивна туристичка локација, жителите конечно по многу години ќе имаат современ долг 1,4 километри, информира битолскиот градоначалникот Тони Коњановски. - Проектот „23 улици“ ќе го завршиме со што над 75 проценти од буџетот со капитални инвестиции ќе биде реализиран. Работиме интензивно и видливи се промените кои се на добробит на сите граѓани. Во текот на следната година ќе се гради големиот мост на влезот од Ресен во Битола, како и 65 нови проекти кои се пред дозвола за градба, истакна Коњановски. Одбележувањето на 4 Ноември - Денот на ослободувањето на Битола продолжува со попладневна средба на градоначалникот Коњановски со претставници на делегации од забратимени градови, а вечер ќе се одржи свечена академија на која ќе бидат доделени највисоките општински награди и признанија. мт/сп/

Остани поврзан