• понеделник, 13 мај 2024

Хрватските лекари започнаа подготовки за нов штрајк

Хрватските лекари започнаа подготовки за нов штрајк

Загреб, 28 јануари 2024 (МИА) - Хрватскиот лекарски синдикат (ХЛС) денеска извести дека започнале интензивни подготовки за синдикални акции, вклучително и штрајк, откако ја прозваа владата за прекршување на договорот со хрватските лекари од април 2023 година, како и „обиди за пропаганда“ насочени кон ослабување на позицијата на лекарите.

„Премиерот Андреј Пленковиќ, министерот за здравство Вили Берош и владата ги притискаат хрватските лекари на штрајк, охрабрувајќи ги да побегнат во приватно здравство и да ја напуштат Хрватска“, тврди синдикатот.

„Јасно им даваме до знаење на властодршците дека знаеме што прават, зошто го прават“, соопштуваат од синдикатот.

Истовремено наведуваат дека јавноста ја рециклира приказната за наводни „огромни плати“ на хрватските лекари за да ги прикаже како алчни и неразумни пред нивните сограѓани и пациенти. ссм/

фото: архива

Остани поврзан