• петок, 12 јули 2024

Хрватска премиера на македонскиот филм „М“ на Пулскиот филмски фестивал

Хрватска премиера на македонскиот филм „М“ на Пулскиот филмски фестивал

Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премира во рамите на официјалната конкуренција за наградите „Златна арена“ на годинашното 71-то издание на Пулскиот филмски фестивал.

Дистописката бајка за загубеното момче во опустошениот свет на нашата блиска иднина, чиј мнозински продуцент е Дарко Попов од  „Фокус Покус Филмс“, е реализирана, меѓу другите, во копродукција со хрватската продукција „4Филм“ и Хрватскиот нацинален аудио-визуелен центар.

Филмскиот фестивал во Пула, со мотото „Филм под ѕвездите“, е еден од најстарите и водечките регионални фестивали. Основан во 1954-та година, овој настан континуирано се одржува до денес, со две откажувања во 90-тите, за време на воените превирања низ регионот. Започнат како смотра на најзначајните домашни остварувања од времињата на поранешна Југославија, во последните декади, програмата Пулскиот фестивал се трасформира и распределува во две натпреварувачки категории – за хрватска продукции и копродукции, како и интернационална селекција.ад/са/

Фото: постер

Остани поврзан