• вторник, 05 ноември 2024

Храна и навики коишто може да го намалат стресот

Храна и навики коишто може да го намалат стресот
Скопје, 9 февруари 2022 (МИА) - Стресот го зема својот данок и психички и физички. Притоа, се поттикнува лачењето на хормонот кортизол, којшто може да нѐ стави во постојана состојба на подготвеност, односно, во соодветни количини, го регулира речиси секој систем во нашето тело. Како што пишува порталот „Кликс“, една од несаканите последици на долгорочното високо ниво на кортизол е зголемувањето на телесната тежина, особено висцералните маснотии. Тоа се мастите што ги опкружуваат органите, особено цревата и црниот дроб. Тоа доведува до отпорност на инсулин, висок крвен притисок, коронарна срцева болест и дијабетес тип 2. Покрај тоа, кортизолот може да го ослаби и имунолошкиот систем. Не постои магична храна која веднаш ќе го намали нивото на кортизол, но одредени намирници може постепено да го намалат и да помогнат во регулирањето на хормонот на стрес. Храна богата со витамин Ц. Истражувањата покажаа дека надбубрежните жлезди имаат висока концентрација на витамин Ц, па ако се јаде оваа храна, може да има благотворно влијание врз жлездите, одржувајќи го нивото на кортизол во рамнотежа. Калциум Вишокот кортизол може да предизвика бубрезите да лачат премногу калциум, така што храна богата со калциум, исто така може да ја врати рамнотежата. Зелен чај Научните истражувања покажа дека зелениот чај може да ги инхибира ензимите кои поттикнуваат кортизол, што може да го намали нивото на хормонот. Кисела зелка Бактеријата Lactobacillus reuteri е пробиотик што природно се наоѓа во гастроинтестиналниот тракт на луѓето, но многумина го губат со текот на времето поради лекови или изложеност на одредени фактори на животната средина. Овој микроб влијае на мозокот да ослободува окситоцин. Тоа помага да се намали стресот и ака го намалува кортизолот. Тоа може да се најде во ферментирана храна како кисела зелка. Диетата игра важна улога во управувањето со симптомите на стрес, но таа е само еден дел од сложувалката. Главната задача во намалувањето на стресот е да се работи на секојдневните навики кај човекот и да се промени реакцијата на телото на стресните влијанија.  си/

Остани поврзан