• недела, 22 декември 2024

Холандија и Норвешка ги преселија своите амбасади од Украина во Полска

Холандија и Норвешка ги преселија своите амбасади од Украина во Полска
Амстердам, 26 февруари 2022 (МИА) - Холандија и Норвешка денеска одлучија да ги преместат своите амбасади од Украина во Полска поради руската инвазија, придружувајќи се на слични одлуки од некои други европски земји, како што е Шведска. Холандското Министерство за надворешни работи ја оправда одлуката со потребата да се гарантира безбедноста на персоналот. „Министерот за надворешни работи Вопке Хоекстра одлучи амбасадорот Џенес де Мол и неговиот тим веднаш да се упатат во Јарослав, на полската страна во близина на украинската граница, за да продолжат со работата оттаму“, соопшти Министерството за надворешни работи. Норвешката дипломатија одлучи „привремено да ја затвори“ амбасадата во Киев и да работи додека не се донесе нова одлука од полскиот главен град Варшава. Идентична одлука за преместување на амбасадата донесе и Шведска во четвртокот. Словенија, исто така, во саботата објави дека го евакуирала персоналот од својата амбасада во Киев. Министерот за надворешни работи Анже Логар изјави дека персоналот на амбасадата успешно пристигнал во ЕУ со конвој од дипломатски претставници, како и двајца членови на словенечкиот владин кабинет кои работеле во Киев за да ја подготват посетата на премиерот Јанез Јанша на земјата, но е одложена во меѓувреме. паг/  

Остани поврзан