• четврток, 25 јули 2024

Холандија и Данска ќе испратат на Украина 14 тенкови Леопард 2 

Холандија и Данска ќе испратат на Украина 14 тенкови Леопард 2 

Амстердам, 25 јули 2024 (МИА) - Холандија и Данска се подготвени да и достават на Украина 14 модифицирани тенкови Леопард 2, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана. 

Во април минатата година Холандија и Данска најавија дека ќе купат тенкови од трета страна и ќе ги подготват за војната во Украина. 

- Тенковите се целосно модифицирани од германскиот производител на оружје „Рајнметал“, а по неколкумесечно тестирање се подготвени за испорака пред крајот на летото, соопшти холандското Министерство за одбрана. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан