• петок, 27 септември 2024

Хезболах лансираше 45 ракети кон Израел, израелската армија продолжува со нападите врз Либан

Хезболах лансираше 45 ракети кон Израел, израелската армија продолжува со нападите врз Либан

Тел Авив, 26 септември 2024 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека Хезболах лансирал 45 ракети врз градот Акре на северот на Израел, додека израелските авиони продолжиле да ги гаѓаат целите на либанската милитантна група во Либан.

ИДФ соопшти дека некои од 45-те ракети биле пресретнати од израелската противвоздушна одбрана, додека останатите паднале на отворени области и дека нема повредени.

Се наведува дека израелската војска продолжила да напаѓа десетици цели на Хезболах во неколку области во Либан, вклучително и терористички оперативци, воени згради и магацини за оружје, објави „Тајмс оф Израел“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан