• вторник, 25 јуни 2024

Хасани: Со Западен Балкан ЕУ ќе биде побезбедна, посилна и поконкурентна

Хасани: Со Западен Балкан ЕУ ќе биде побезбедна, посилна и поконкурентна

Тирана, 24 јуни 2024 (МИА) - Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, денеска учествуваше на состанокот на Советот на министри за надворешни работи во Луксембург.

На средбата, министерот Хасани уште еднаш ја потврдил целосната усогласеност на Албанија со надворешната и безбедносната политика на Европската унија.

Хасани истакнал и дека проширувањето на ЕУ е од критично значење и корисно за сите страни.

„Со Западен Балкан, Европската унија ќе биде побезбедна, посилна и поконкурентна, порачал тој. вт/ 

Фото: Хасани ФБ

Остани поврзан