• петок, 05 декември 2025

Џ.К. Роулинг презадоволна од изборот на новите три лица во ТВ-серијата „Хари Потер“

Џ.К. Роулинг презадоволна од изборот на новите три лица во ТВ-серијата „Хари Потер“

Лондон, 28 мај 2025 (МИА) - Продукциската куќа „Ејч-би-о“ (HBO) официјално го претстави водечкото трио во новата ТВ-серија „Хари Потер“. За „Потерхед“, писателката која е авторка на приказната - Џоун К. Роулинг изјави дека е презадоволна од изборот.

- Сите тројца се прекрасни. Не можам да бидам посреќна!, изјави Џ.К. Роулинг.

Имено, Доминик Меклафлин ќе го глуми насловниот лик, Арабела Стентон - интелигентната и храбра Хермиона Грејнџер, а Аластер Стаут ќе ја игра култната улога на Рон Визли - верниот најдобар другар на Хари, објави „ТМЗ“ (TMZ).

Обожавателите се со поделени мислења. Мнозина се скептични дека серијата ќе биде исто толку добра како и филмовите. Некои уште сега велат оти нема да гледаат... Но, има и доста кои се задоволни од новото трио.

Снимањето на ТВ-серијата треба да почне ова лето. Планирана е како адаптација на книгите, при што секоја сезона ќе опфаќа по еден роман од серијалот.  си/

Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок

Остани поврзан