• среда, 03 јули 2024

Харден го пропушти натпреварот со Нагетс поради повреда, Нетс очекуваат играчот да се врати што е можно поскоро

Харден го пропушти натпреварот со Нагетс поради повреда, Нетс очекуваат играчот да се врати што е можно поскоро
Њујорк, 27 јануари 2022 (МИА) - Ѕвездата на Бруклин нетс, Џејмс Харден, го пропушти натпреварот со Денвер нагетс одигран ноќеска во Њујорк. Гостите од Денвер предводени од Никола Јокиќ (26 поени, 10 скокови и осум асистенции) забележаа победа со 124:118. Харден почувствува непријатност во тетивата на левата нога непосредно пред почетокот на натпреварот. Нетси сметаат на што поскоро враќање на Харден. Главниот тренер Стив Неш вели дека се надева дека Џејмс ќе биде на теренот против Голден стејт во сабота. Харден оваа сезона игра во просек 37 минути по натпревар. зс/

Остани поврзан