• сабота, 23 ноември 2024

Ханије: Жителите на Појасот Газа се жртви на „неохолокауст“

Ханије: Жителите на Појасот Газа се жртви на „неохолокауст“

Газа, 7 декември 2023 (МИА) - Функционерот на милитантното движење Хамас, Исмаил Ханије, тврди дека населението во Појасот Газа е жртва на „неохолокауст“. 

-Американската администрација е вмешана во оваа криминална војна и покритие за неонацизмот. Ова е неохолокауст што се спроведува врз нашиот народ во Појасот Газа, изјави Ханије за египетската телевизија „Ел Каиро“. 

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш претходно вчера се повика на ретко користениот член 99 од основачката Повелба на ОН, што му дозволува „да го сврти  вниманието на Советот за безбедност на секое прашање што, според него, може да го загрози одржувањето на меѓународниот мир и безбедност“. 

„Се соочуваме со сериозен ризик од колапс на хуманитарниот систем. Ситуацијата брзо се влошува и прераснува во катастрофа, со потенцијално неповратни импликации за Палестинците како целина и за мирот и безбедноста во регионот“, напиша Гутереш во писмото до 15-члениот Совет за безбедност. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан