Хамилтон со уште едно значајно достигнување во Формула 1
- И покрај сите рекорди кои Макс Верстапен ги постави во последните две години, Луис Хамилтон останува носител на едно од најважните достигнувања во историјата на Формула 1.
Будимпешта, 21 јули 2024 (МИА) - И покрај сите рекорди кои Макс Верстапен ги постави во последните две години, Луис Хамилтон останува носител на едно од најважните достигнувања во историјата на Формула 1.
Седумкратниот светски шампион и натаму води по бројот на победи, пол-позиции, бодови и искачувања на подиумот. На денешната трка за ГН на Унгарија, Британецот заврши на третото место, означувајќи го својот 200-ти подиум во Ф1, кој го постигна на својот 344-ти старт.
Тоа значи дека Британецот бил на подиумот во 58% од трките на кои учествувал. Неговиот прв подиум дојде на неговата дебитантска трка во Австралија во 2007 година, кога заврши на третото место зад Кими Раиконен и тимскиот колега од Мекларен, Фернандо Алонсо.
Од тие 200 подиуми што ги има Хамилтон, 104 се први места, 56 се втори, а останатите 40 се трети. дс
Фото: Архива