• вторник, 30 април 2024

Хамилтон за второто место на спринтот во Кина: Ова е најдобриот резултат што сум го постигнал по подолго време

Хамилтон за второто место на спринтот во Кина: Ова е најдобриот резултат што сум го постигнал по подолго време

Шангај, 20 април 2024 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изрази задоволство од пласманот на второ место во Формула 1 спринтот за Големата награда на Кина.

- Секогаш кога доаѓам овде, луѓето ми даваат голема поддршка. Ова е најдобриот резултат што сум го постигнал по долго време. Јас сум многу среќен. Секако, не можеме да се натпреваруваме со Ред Бул, но ова е огромен чекор напред. Во овој краток период од трката научив многу за болидот, па со нетрпение го очекувам утрешниот ден, изјави Хамилтон за „BBC Sport“.

Верстапен, победи во спринтот, второто место го зазеде Хамилтон од Мерцедес (+13.043 секунди), трет беше Серхио Перез (+15.258) од Ред Бул.

Големата награда за кинеското Гран при ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан