• сабота, 18 мај 2024

Хакерски напад на веб-страницата на бугарската влада

Хакерски напад на веб-страницата на бугарската влада
Софија, 13 ноември 2022 (МИА) - Официјалната веб-страница на бугарската влада била подложена на кибер напад,соопшти информативната служба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, засега не е познат сторителот на нападот. Страницата на Советот на министри на Република Бугарија на интернет „www.government.bg“ е привремено недостапна како резултат на кибер напад, се наведува во соопштението. Властите во Софија соопштија дека се преземени неопходните активности за неутрализирање на нападот и враќање на пристапот до сајтот. нк/паг/  

Остани поврзан