• четврток, 02 мај 2024

Хагари: Израел „пресретна огромно мнозинство“ од нападите на Иран

Хагари: Израел „пресретна огромно мнозинство“ од нападите на Иран

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари изјави дека Израел „пресретнал огромно мнозинство“ од нападите од Иран.

ИДФ проценува дека Иран лансирал над „200 различни видови“ дронови, вклучувајќи дронови убијци, балистички ракети и крстаречки ракети, рече Хагари одговарајќи на прашање на Си-Ен-Ен.

- Нашите авиони сè уште се во воздух и пресретнуваат цели и ние сме подготвени за секоја закана што ќе дојде до Израел“, рече Хагари.

- Ќе направиме сè што треба, сè за да ја одбраниме државата Израел, нагласи тој. јт/

Остани поврзан