• недела, 22 декември 2024

Во Претставничкиот дом се подготвува гласање за одземање на спикерската палка на Џонсон

Во Претставничкиот дом се подготвува гласање за одземање на спикерската палка на Џонсон

Вашингтон, 1 мај 2024 (МИА) - Конгресменката републиканец Марџори Тејлор Грин соопшти денеска дека ќе притисне да се свика гласање идната недела во долниот дом на американскиот Конгрес за разрешување на Мајк Џонсон од спикерското место.

Демократите претходно објавија дека ќе гласаат против ова и ќе осигураат Џонсон да остане на својата позиција до крајот на мандатот.

Според познавачите, гласањето најверојатно нема да помине, но најавата на Грин е завршница на повеќенеделните шпекулации за ова и го зголемува притисокот врз Џонсон, со што разрешницата ќе биде извесна идната недела.

Џонсон истакна дека нема да даде оставка, со предупредување дека гласањето за негово отстранување ќе предзвика хаос во Претставничкиот дом.

-Оваа постапка е погрешна за републиканската конференција, погрешна за институцијата и погрешна за земјата, истакна спикерот во соопштение по објавата на Грин.

Тој се најде на тапет кај екстремните конзервативци од неговата партија по одлуката во април да се гласа за доделување воена и хуманитарна помош во странство, вклучително и за Украина.

Иако Грин притиска за ова гласање, голем број на републикански парламентарци коментираа дееновие дека се против неговото заминување од лидерското место во Претставничкиот дом.кб/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан