• вторник, 02 јули 2024

Фулам се врати во Премиер лигата

Фулам се врати во Премиер лигата
Лондон, 5 август 2020 (МИА) – Екипата на Фулам следната сезона ќе игра во Премиер лигата, откако синоќа во финалето на плејофот го совлада Брентфорд со 2:1. Трите гола беа постигнати во дополнителните 30 минути, а по основните 90 минути резултатот беше 0:0. Џо Брајан беше двоен стрелц кај Фулам (105. и 117. минута), голот за престиж кај Брентфорд го постигна Хенрик Далсгард. Фулам се врати во елитата по само една година. Претходно, учество во Премиер лигата изборија Лидс и Вест Брмович, а од елитата испаднаа Борнмут, Вотфорд и Норвич. зс/

Остани поврзан