ФСБ објави апсење на шестмина Руси за саботажа во корист на Украина
- Од почетокот на воената офанзива во Украина, руските власти го зголемија бројот на апсења за шпионажа, предавство или соработка со Украина како дел од големата акција.
Москва, 26 септември 2024 (МИА) - Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека привела шест лица обвинети за палење на железничка и комуникациска инфраструктура по наредба на Украина.
Од почетокот на воената офанзива во Украина, руските власти го зголемија бројот на апсења за шпионажа, предавство или соработка со Украина како дел од големата акција.
ФСБ соопшти дека уапсиле шест руски државјани „вклучени во палење на железничка и комуникациска инфраструктура“, без да наведат дополнителни детали за објактите што биле опожарени. Тие се обвинети за „тероризам“ и „предавство“. Тројца од уапсените се малолетни, од кои двајца се родени во 2007 и 2009 година.
ФСБ потврди дека осомничените биле „регрутирани од украинските тајни служби“ за награда од 10.000 до 15.000 рубли (околу 100-150 евра). зш/