• петок, 22 ноември 2024

Франција победи на детската Евровизија 2020

Франција победи на детската Евровизија 2020

Варшава, 30 ноември 2020 (МИА) - Претставничката на Франција, Валентина Тронел со песната „J'imagine“ („Си замислувам”), победи на меѓународниот натпревар за детска Песна на Евровизија 2020. Финалето се одржа вчера во Полска преку видео-конференциска врска.

Според резултатите од гласањето на професионалното жири и публиката, песната доби 200 поени. Второто место го зазеде Казахстанката Каракат Башанова, а трет беше претставникот на Шпанија - Солеа.

Во финалето на натпреварот учествуваа млади таленти од 12 земји: Русија, Белорусија, Франција, Грузија, Казахстан, Малта, Холандија, Србија, Шпанија, Украина, Полска и Германија. си/гт/ https://www.youtube.com/watch?v=3iIMGA0aUZE

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан