• понеделник, 23 декември 2024

Фосилни остатоци од дрво старо 20 милиони години на Лезбос

Фосилни остатоци од дрво старо 20 милиони години на Лезбос
Атина, 27 јануари 2021 (МИА) - Грчки археолози пронајдоа фосилни остатоци од дрво на Лезбос, чии гранки и корења изгледаат недопрени и по 20 милиони години. Ова е првпат остатоци од фосилни дрвја да бидат најдени во толку добра состојба - со гранки и корени, соопштија надлежните од островот. - Ова уникатно откритие е зачувано во одлична состојба и, по истражувањето ќе можеме да откриеме за какво дрво се работи, рече професорот Никос Зурос од Националниот историски музеј на Лезбос. Дрвото е најдено близу шеталиште каде што пред неколку милиони години се наоѓала шума. Оттаму, дрвото како материјал се превезувало со помош на специјална опрема. си/сд/

Остани поврзан